15 Декември, 2025
0.0406

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Објавено во: Финансии 15 Декември, 2025 13:44

Добивај вести на Viber

Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска по објавите дека трезорот се затвара на 15-ти месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати. 

- Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Не можам да ги разберам, поготово да доаѓа од опозиција која наместо да се средува во своите сопствени редови, до вчера беа власт и знае како функционира Трезорот. Трезорот работи. Друго е рокот што сме им го дале на институциите да ги достават налозите до трезорските канцеларии. Тоа значи секоја институција да ги достави налозите до 15-ти за да може да се организираме и да се следи исплатата со 31 декември - истакна Димитриеска - Кочоска, одговарајќи денеска на новинарски прашања. 

Таа напомена дека има упатство според кое, налозите во Трезорот стојат по 15 дена заради дополнителните проверки, а исто така има и даночен календар според кој има одредени денови од месецот кога се собираат даноците и нема логика да се затвара Трезорот ако даноците се собираат до 25-ти во месецот. 

- Напротив, имаме приливи и ги планираме одливите. Не знам зошто се вадат сите работи од контекст. Пред почетокот на овој месец имаше коментари дека и пензиите нема да се исплатат навреме, па гледате дека пензиите се исплатија навреме. Се она што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено - нагласи Димитриеска-Кочоска.

Појасни дека налозите ќе се примаат до 15-ти во месецов што не значи дека ако некој задоцни, дека нема да биде примен налогот.

- Многу несериозно е да се каже Трезорот затвора. Трезорот ги прибира налозите со цел подобро да се организира до крајот на годината. Како ќе затвориме, клуч ќе ставиме на Министерството и ќе одиме на зимување. Не е така, Трезорот ќе си работи до 31-ви и тоа е вообичаено. Трезорот е единствениот сектор во Министерството којшто останува до седум - осум часот, имало и години до 11 часот навечер кога Трезорот работел, рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на информациите дека се доцни со исплатата на социјалните трансфери, министерката за финансии тврди дека во Трезорот не стојат налози за исплата. 

- Доколку има задоцнување, тогаш тоа е во ресорните институции при подготовка на налозите. Од она што го имав добиено како податок од Министерството за социјална политика беше дека имаат нови потпишани решенија кои чекаат да се стават во систем и да почне исплатата наеднаш. Тогаш да проверите во рамки на самите министерства решенија што не се потпишувале од септември бидејќи сме биле во избори така што не станува збор за тоа дека Трезорот не исплатил. Во петокот имавме исплата на три милијарди од кои две милијарди и 400  се само блок дотации за образование каде е вклучена и исплатата на К-15, рече Димитриеска-Кочоска.

Тврди дека Буџетот е во одлична кондиција и дека обврските нема да останат несервисирани. Вели се тече во рамки на предвиденото и дека ништо не е поразлично од претходните години. 

- Ќе го видите тоа до крајот на годината. Пред боговите и фактите молчат. Ќе дојде 31 декември, ќе се видиме повторно, ќе видиме каква е реализацијата, рече Димитриеска-Кочоска. 

Прашана за кратење на средства за ретки болести, Димитриеска-Кочоска вели дека се што институциите побарале од Министерството за финансии, е реализирано. 

- Секоја од институциите си добива лимит, а како ќе го распредели лимитот внатре, одлучуваат сами. Ние имавме донесено буџет како предлог од Министерството за финансии на Влада. Поедини министри си побараа - не оваа ставка, вратете ми таму, ставете ваму. Кој што побарал во рамки на лимитот, така му е реализирано. Јас не можам да одговарам на прашањата зошто е скратено за ретки болести. Приоритетите на министрите ги одлучуваат самите тие. Ние како Министерство за финансии делиме лимити, а секој сам во рамки на своите лимити, одлучува што е негов приоритет, рече Димитриеска-Кочоска. 


Можеби ќе ве интересира

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно