19 Декември, 2025
0.0490

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Дали НАТО и ЕУ ќе нѐ сакаат ако банкротираме?

Објавено во: Економија 01 Август, 2024 19:00

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека не може да се пренаменат парите од пругата кон Бугарија за други проекти. Сепак, како што објасни може да ги замолат кредиторите да ги резервираат тие пари и за нив повторно да аплицираат во нов заем за друга намена.

„Ги слушам изјавите, но не е така. Вие кога барате наменски кредит не може за друго да го користите. Исто е и во овој случај. Може само да ги замолиме да ги резервираат парите и да аплицираме за нов заем, но да се пренаменат не може“, рече на брифинг со новинарите министерката.

Таа информира дека веќе имало средба со Европската инвестициска банка каде што биле образложени сите аргументи зошто пругата кон Бугарија не треба да се гради.

„Тоа е траса од Драч во Албанија до Бургас во Бугарија. Хипотетички ќе ја направиме, но што добиваме економски. Од Европската инвестициска банка ми кажуваат дека е тоа НАТО аспект. Но, јас ги прашав дали НАТО и ЕУ ќе нѐ сакаат ако банкротираме. Имаме проблем со пругата кон Солун која е многу поважна за нашето стопанство“, рече министерката.

За третата фаза од железничкиот Коридор 8, од Крива Паланка до границата со Бугарија обезбедени се 560 милиони евра. Објасни дека 350 милион евра се од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан земен е грант од 150 милиони евра, а од ИПА 2 програмата 60, 7 милиони евра.

фото Фејсбук/Гордана Димитриеска-Кочоска

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии