28 Октомври, 2024
0.0261

Димитриеска Кочоска: Се давало помош на компании, без да се знае дали ја зголемиле продуктивноста

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во синоќешното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека ќе биде потребно време за да се стабилизира задолжувањето на земјата на долг рок, но при тоа истовремено и финансираните проекти да бидат продуктивни. 

Како една од причините за високите стапки на задолжување ја наведе државната помош и субвенциите за компании, за кои не се знае дали потоа од тоа имало ефект.

- Ако во минатите години сте фаворизирале во континуитет потрошувачка и при тоа сте носеле мерки - сте поддржувале инвестиции кои што во моментот никаков резултат не даваат, затоа што сте ги давале парите и не сте контролирале дали тие компании, на кои што сте им дале, дали навистина инвестирале и имаат некое зголемено производство, додадена вредност, итн, тогаш се случува ова што се случува да имаме уште поголеми задолжувања, рече Димитриеска Кочоска која е на средби со Светска банка во Вашингтон.

Таа наведе дека доколку државата сака капитални инвестиции, мора да се задолжува, но тие проекти треба да донесат раст на БДП.  Според министерката важно е дека на среден рок растот на БДП ќе влијае на намалување на нивото на јавениот долг.


-Секое задолжување значи раст на јавниот долг. Но ако се задолжиме за инвестиции коишто ќе дадат додадена вредност на економијата, во еден краток период ќе има повисоко ниво на јавен долг, но на еден среден рок како ќе расте економијата , нивото на јавен долг ќе се намалува. Оттука приоритет треба да бидат задолжувања коишто треба да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП и ќе имаме раст, рече министерката за финансии.

Димитриеска Кочоска додаде дека е, како што рече самата, голем поддржувач на Законот за нефер трговски практики, од кого има очекувања во стабилизирањето на цените и инфлацијата.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите