ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ: На Балканот пристигнува вистинска зима која ќе донесе снег од над 30 сантиметри
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2024 05:55
Според најновото ажурирање на Европскиот метеоролошки модел (ECMWF), почнувајќи од 2 Ноември и во деновите што следуваат, територијата на целиот Балкан ќе биде зафатен од многу ладен бран кој ќе се спушти од северот и од североистокот на Европскиот Континент, пишува „Метеоаларм“.
- Во ваква ситуација, над Италија и јужен Јадран ќе се формира секундарен циклонски систем кој во склоп со ладниот воздух во многу предели од Балканот ќе ги донесе првите снегулки во многу градови за оваа сезона - појаснува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Тој нагласува дека во поголем дел од Балканот барем според информациите со кои располагаат досега ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cантиметри. Се очекува дека ннајпогодена од овој снежен бран да биде Босна и Херцеговина каде се очекува од 15 до 20 сантиметри снег во градовите, а над 30 сантиметри снег на планинските места.
- Со овој ладен бран очекуваме и минусни температури, па така со ова го очекуваме и првиот сериозен мраз за оваа сезона. Ако остане вака, ќе имаме зима на самиот почеток од Ноември, треба да се спремаме за невообичаено ниски температури за првата декада од Ноември, и за многу рано пристигнување на зимата оваа година - нагласува Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




