Еди Рама: Порано ќебиња и чаршафи си носевме за спиење во болница, сега Албанија е почитувана земја
Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2024
Премиерот на Албанија, Еди Рама, од Њујорк рече дека неговата земја на патот кон членство во Европската унија наликува на патот на секој албански имигрант во неговите напори да биде прифатен и интегриран кон ЕУ.
- Некогаш се гледаше Албанија со предрасуди, како што се гледаа Албанците. Никој од лидерите на европските земји не ја посети Албанија. Владата беше во долгови кон компаниите за изградба на патишта и комуналните претпријатија од јавниот сектор. 40 милиони долари бил долгот на владата само од неплатени обврски кон инвалидите. На компанијата што ја дистрибуираше електричната енергија и беа должни 1,3 милијарди долари. Албанците одеа во болница со чаршафи и ќебиња. Уништен беше системот за стерилизација, по улиците се расипуваа амбулантни возила и полициски автомобили. На секои три дена имаше убиство. Корупцијата беше на највисоко ниво. Туризмот го одржуваа во живот само имигрантите и Албанците од Косово и Северна Македонија. Времето на Албанија беше заглавено. Минималната плата беше 150 евра, искористеноста на работната сила беше под 50 проценти, рече Рама.
Овие работи, рече Рама, се промениле за само десет години и Албанија денес е почитувана земја во очите на меѓународната заедница.
- Денес, новиот ветер на државата дува се посилно и посилно, благодарение и на блиската соработка со нашите стратешки сојузници, САД, ЕУ. За 1 деценија двојно го зголемивме вкупното производство. Ги удвоивме минималните и просечните плати во јавниот сектор. Ја зголемивме работната сила на над 80 проценти. Денеска сме над регионалниот просек од над 900 долари по глава на жител. На културата на неказнивост и е зададен фатален удар. Сите Албанци, дури и да не се историчари, знаат толку многу историја што гледајќи наназад, за прв пат од 1912 година гледаат дека луѓето од власта се соочуваат со правдата. Никогаш досега поединец со висок политички профил не бил суден од суд кој не е контролиран од политиката. Горд сум што со гласот на Албанците водевме длабока реформа во правдата, што ниту една од земјите-членки на ЕУ не ја направи пред да влезе во ЕУ., порача Рама.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.