Димитров со својот гостин возеше кајак на Охридско езеро
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2018
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров заедно со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, по службениот состанок одлучија да се опуштат со возење каја по Охридското езеро.
- Со кајак, кон европската иднина на Македонија - напиша Димитров на твитер.
Инаку, Рот за медиумите изјави дека преспанскиот договор е единствена прилика за отворање на вратите на ЕУ и НАТО за Македонија.