Димитров вели дека немаме луксуз да чекаме за преговори со ЕУ
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2021
Мислам дека после ова немаме луксуз да кажеме дека ќе чекаме, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Димитров додаде дека почетокот на преговорите на Македонија е тест за Европската унија која трае предолго. Вели дека техничката влада не смее да биде пречка за продолжување на преговорите со Бугарија.
„Влогот на Европската унија е голем бидејќи ветувањето беше дадено и доколку не се одржи ветувањето тоа испраќа многу негативна порака. Мислам дека после сето ова немаме луксуз едноставно да кажеме дека ќе чекаме“, рече Димитров.
Се споменуваше дека Македонија и Албанија може да бидат раздвоени на патот кон ЕУ, но со ова не се сложуваат многу земји.