Димовски: Да одбереме претседател на Собрание кој ќе распише нови избори
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017 15:13
Илија Димовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и предлог за претседател на комисијата за избори и именување побара да се одбере нов претседател на Собранието со цел тој потоа да побара распуштање на истото и распишување на нови парламентарни избори.
Од овој потег се гледа намерата на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на конститутивната седница со бескрајните меѓусебни реплики и контра-реплики да не дозволи Собранието да заврши со процедурата на конституирање и да оди на чекор на гласање за нова влада барајќи го мандатот од претседателот Иванов.
Исто така ВМРО-ДПМНЕ покажува и дека нивниот „Патоказ“ кој го понудија до останатите партии нема никаква тежина бидејќи е празно слово на хартија и дека единствено сакаат процесите да се одложат за да дојде до нови избори. Секако, немаат одговор како потоа ќе се справат со идентичните барања на албанските партии срочени во нивната платформа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




