Димовски: Се согласив да се откажеме од процедуралните говори, но гледам дека тоа не се почитува
Објавено во: Македонија 30 Март, 2017 15:53
Иако се согласив ние да се откажеме од процедуралните говори на координацијата, гледам дека тоа не се почитува. СДСМ искористиле 15 процедурални, а ние 8, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димоски во Собранието.
Димовски вели дека изборот на комисијата има улога во изорот на претседател на Собранието и тоа е веќе почеток на работата на Собранието.
„Затоа бараме да ги видиме договорите за двојазичност и сите договори кои се направени, за да знаеме за што ќе дебатираме“ - рече Димовски.
Претседавачот Трајко Вељаноски претходно апелираше до пратениците да се откажат од постојано пријавување за реплики, контрареплики и процедурални говори. Тој ги забрани пријавувањата на пратениците за процедурален збор. Вељаноски посочи дека до едночасовната пауза пратениците од СДСМ имале 13 процедурални забелешки, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ осум, а од ДУИ една.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, затоа што не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом. Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за избор на претседател на Парламентот што е една од точките на седницата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




