18 Декември, 2025
0.0722

Директорите на Скопски пазар на суд за сомнително купување сопствени акции

Објавено во: Економија 12 Мај, 2018 14:52

Добивај вести на Viber

Основниот суд Скопје 1 треба да одлучи дали ќе има обвинение со кое ќе бидат опфатени неколкумина членови на раководството на Скопски пазар, меѓу кои и првиот човек на фирмата, Сашо Давитковски. Според информации од Судот, за една до две недели ќе биде изготвено решението со кое ќе се знае дали актот ќе стане правосилен и дали потоа ќе следува судски процес за милионски криминал со акции на компанијата, објави „Судство.мк“.

Јавното обвинителство цели два часа изнесувало докази со кои го поткрепува обвинителниот акт, а обвинетите и адвокатите изнеле своја одбрана. По спротивставените аргументи, Советот на судот ќе оцени дали Јавното обвинителство има издржан акт.

Како што известија медуимите, повикувајќи се на јавно објавени документи на компанијата, Скопски пазар во 2007 потрошил значаен износ на парични средства за откуп на сопствени акции, за непосредно по нивното купување – да ги повлече.

Собранието на акционери на Скопски пазар на иницијатива и со поддршка на раководството на компанијата во два наврати во периодот 2006-2007 година повлекло вкупно 14.522 сопствени акции, кои што самата компанија претходно ги купила на пазарот за повеќе од 85 милиони денари.

Ова планско купување сопствени акции со единствена цел да се повлечат, според експертите, е дискутабилен потег на раководството на Скопски пазар, за кој нема економска оправданост.

Пријавата против неколкумина членови на раководството на Скопски пазар, меѓу кои и првиот човек на фирмата, Сашо Давитковски, е од „Современ дом“ Прилеп, кој што е еден од најголемите акционери во АД Скопски пазар.

Според упатените во работата на Скопски пазар, тешката состојба во компанијата денес е резултат на ваквите и слични потези на раководството во минатото. Изминативе месеци Скопски пазар беше актуелен во јавноста откако стана јасно дека компанијата има потешкотиите да обезбеди плата за вработените, а директорите продадоа или издадоа десетици атрактивни недвижности на компанијата за да ги отплаќаат милионските долгови.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа