20 Декември, 2025
0.0435

Директорка на Артан Груби ќе купува и продава струја за ЕСМ

Објавено во: Економија 07 Јули, 2023 07:45

Добивај вести на Viber

Поранешната раководителка на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи од Тетово, е назначена за нова директорка на ЕСМ Продажба - фирмата-ќерка која продава вишоци на електрична енергија и купува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи кога нема доволно производство.

Мустафаи го превзема местото на Златко Пиперкоски, кој на таа функција беше поставен во октомври лани. Инаку оваа позиција никогаш претходно не била пополнета со кадар на ДУИ. Управниот одбор на АД ЕСМ донел ваква кадровска одлука на 23 јуни.

Инаку ЕСМ Продажба според податоците кои медиумски беа објавени изминатиот период, остварил приходи од 6,57 милиони евра минатата година, најмногу од продажба на електрична енергија во јавниот сектор и произведени вишоци за снабдувачите со струја. Со тоа фирмата-ќерка на ЕСМ за време на енергетската криза се наметна како еден од најголемите трговци со струја во земјата.

Покрај тоа, ЕСМ Продажба од оваа година учествува и во берзанското тргување со електрична енергија на домашната платформа на МЕМО, а овој период се размислува да се променат правилата со тоа што оваа фирма ќе може да купува струја од фотонапонските централи низ земјата во периодите кога тоа ќе биде поевтино отколку да се произведува од јаглен во термоцентралите. ЕСМ Продажба наедно купува струја од надворешни снабдувачи за потребите на ЕВН кога производството е недоволно.

Во февруари годинава опозицијата ја обвини Мустафаи дека гради хациенда на Попова Шапка, сопственост на нејзиниот сопруг, која не била пријавена во нејзиниот анкетен лист и дека дала акредитација на компанија наводно блиска на братот на првиот вицепремиер Артан Груби за баждарење на точила за нафтени деривати и течен нафтен гас на бензински пумпи и економски оператори кои се занимаваат со трговија на гориво.

Набрзо потоа Мустафаи во март си замина од Бирото за метрологија каде беше неколкугодишен директор.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба