19 Декември, 2025
0.0517

Директорката на Загребска берза влезе во Одборот на директори на Македонска берза

Објавено во: Економија 31 Мај, 2021 09:17

Добивај вести на Viber

Ивана Гажиќ, актуелната директоркна на Загребската берза е избрана за нов неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза. Одлуката веќе е објавена, а следува откако Загребската берза во март годинава соопшти дека ќе го зголеми уделот што го поседува во Македонската берза однсоно ќе докупи уште 9,89 проценти од акциите.

„Поради комплетирање на составот на Одборот на директори, на 28.05.2021 година, Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на неизвршен член на Одборот на директори на Берзата, согласно која за неизвршен член на Одборот е именувана г-ѓа Ивана Гажиќ, стои во објавата од Македонска берза.

Самата Гажиќ во март кога Комисијата за хартии од вредност издаде решение со кое одобри Загребската берза да ги купи новите акции во Македонска берза, за Фактор изјави дека консолидацијата е природен развојен пат не само за помалите, туку и за глобалните, големи пазари на капитал. 

„Целта е да им се обезбеди поголема видливост на пазарите, и на инвеститорите и компаниите подобра и поекономична услуга, како и повеќе можности и за инвестиции и за прибирање капитал. Долги години успешно соработуваме со нашите колеги од Македонија и нашата намера е понатаму да ја продлабочуваме оваа соработка на заедничко задоволство и придобивка на двете економии, изјави Ивана Гажиќ, претседател на Управниот одбор на Загребската берза.

Инаку со псоледното решение од март Загребската берза практично треба да купи 

276 акции, односно 9,89 отсто од акциите на Македонска берза АД Скопје со што процентуалното учество би се зголемило од 5,3 проценти на 15,19 проценти од акциите на берзата. Тогаш објавивме дека трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски денови од денот на добивање на согласноста.

Фактор дозна и кој е продавачот на овие акции. Станува збор за Еуростандард банка која моментно е во стечај откако Народната банка во август лани и ја одзема дозволата за работа. Потврда дека станува збор за овие акции се добива и од финансиските извештаи на берза. Во последниот стои дека 276 акции има токму Еуростандард банка. Една акција вреди 607 евра или сите тие вкупно околу 168 илјади евра.

Инаку тие 5,3 отсто кои Загребската берза веќе ги поседува во Македонската берза практично ги купи на крајот на 2019 одина. Други акционери во Македонска берза се неколку домашни банки.


А. Т.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии