19 Декември, 2025
0.1959

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2024 14:03

Добивај вести на Viber

Генералниот директор на Македонски пошти, Орхан Куртиши во интервјуто за Алсат потенцира дека од Владата побарале 5 милиони евра за излез од финансиската криза. Владата не предвидува приватизација на Поштата, додека Физибилити студијата за која се потрошени 800 илјади евра е неупотреблива.

„Побаравме околу 5 милиони евра. Се уште немаме одговор, но ова е привремен излез од кризата. Треба да го следиме примерот на Србија, каде што една година владата застана зад Поштата на Србија таму и и даде финансиска поддршка од 20 или 25 милиони евра. Што се однесува до физибилити студијата, таа всушност седи во фиоките на Поштата, никој не се занимавал со неа. Почнав да ја читам, да видам што замислиле таму, но реалната состојба и напишаното се во конфликт меѓу себе“, рече Куртиши.

Тој додаде дека добил уверување од министерот за транспорт Александар Николоски дека нема да се бара приватен партнер.

„Можам слободно да кажам дека во дискусијата и разговорите што ги имав со министерот, тој ја изрази својата подготвеност Поштата да остане за граѓаните на Република Северна Македонија“, изјави Куртиши.


Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите