Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

Објавено во: Економија 10 Април, 2025 19:21
Владата ќе ја продолжи дискусијата со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, вели министерката за финансии во изјава за медиуми од Економскиот форум во Делфи, на кој во економскиот дел во фокусот се последните одлуки на САД за царините.
„Клучно е дека Европа е подготвена, многу е смирена. Тука се присутни претставници и од Светска Банка и од ММФ, од ЕБОР и гледам една смиреност кај нив. Мислам дека работите за брзо време ќе се вратат во нормала. Една беше дискусијата вчера со толку високи царински стапки, денеска веќе е нешто друго, нешто што и американската економија може да го поднесе. Не очекувам некое големо влошување особено за македонската економија. Заклучоците од економистите на Форумот се дека ова е крајот на глобализацијата и дека економистите се едногласни оти Америка најмногу ќе страда бидејќи очекуваат инфлација таму и многу низок раст на економијата“, рече Димитриеска-Кочоска.
Таа најави дека следната недела патува во Вашингтон на Пролетни средби на ММФ и Светска банка каде ќе ја искористиможноста за средба во Трезорот на САД.
„Зошто да не се обидеме да ја искористиме ситуацијата во наша полза. Дискусијата за слободна трговија останува и тука не се откажуваме“ вели Димитриеска – Кочоска.
Според неа од овие одлуки најмногу последици ќе трпи американската економија. „Таму“, како што додава, „може да се каже дека доколку продолжат одлуките такви какви што се ќе влезат во стагфлација, односно намалување на растот, можеби негативен раст и инфлацијата со сигурност на нивно тло, а сето тоа во Европа ќе оди задоцнето“, истакна министерката за финансии.
Министерката Димитриеска-Кочоска учествува на 10. Економски форум што се одржува во грчкиот град Делфи.
Можеби ќе ве интересира
НА 1 МАЈ ЌЕ ИМА ПРОТЕСТ: ССМ не се откажува од барањето за минимална плата од 500 евра

ЌЕ БАРААТ СУДОТ ВЕДНАШ ДА ГИ БЛОКИРА СИТЕ ЦАРИНИ: Калифорнија ќе го тужи Трамп

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЛАТНИ ПРАЧКИ И МОНЕТИ: Ова доживува бум и во земја од регионот

ХРВАТСКА БАРА РАБОТНИЦИ: За некои професии платите стигнуваат и до 3.000 евра

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: Романија е во најлоша состојба, но во една земја таа е под 1 отсто

АКО МИСЛЕВТЕ ДЕКА ЌЕ КУПИТЕ ВО ЕВРОПА И БЕЗБЕДНО Е, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа

По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

ДАЛИ КИНА ГИ ДРЖИ КЛУЧНИТЕ КАРТИ ВО КОНФЛИКТОТ СО ТАРИФИТЕ - експертите тврдат „Пекинг има џокер во ракавот“

ДАЛИ ЗАКЕРБЕРГ БИ МОЖЕЛ ДА ГИ ИЗГУБИ INSTAGRAM И WHATSAPP - подигнат судски процес, еве кои се неговите надежи
