26 Април, 2024
0.0314

Директорот на Универзална сала со поддршка за иницијативата на Заев: Хејтаат, а се кријат со џоинт

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Директорот на Универзална сала - Скопје, Филип Аврамчев, му даде јавна поддршка на премиерот Зоран Заев во намерата да ја легализира рекреативната употреба на марихуаната во туристичките центри.

„Најавите на Зоран Заев за легализација на канабисот е една од подобрите и попрогресивни работи што се случиле на македонската политичка сцена. Јасно ми е што истата смета на одредени структури кои со години и те како заработуваат од црниот пазар. Тоа што не можам да си го објаснам е хејтањето на овој потег од страна на одредени мој пријатели, конзументи кои до ден денес се кријат и се плашат да не бидат уапсени за поседување на џоинт. Јас како долгогодишен активист и член на Либерално Демократска Партија ЛДП ќе продолжам конструктивно да се борам и залагам за прогрес и либерализација, а тие нека размислат дали со нивните постапки помагаат на конзервативните сили во нашето општествето и оддржување на статус-квото“, објави Аврамчев на Фејсбук.

Според Заев, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, особено во туристички места како Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово.

„Целта е токму тоа. Да биде контролирано како во Амстердам и многу други градови во светот“. Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, изјави неодамна премиерот во интервјуто за Дојче Веле.

Дебатата за декриминализација на канабисот ја поздрави и министерот за правда Бојан Маричиќ, додека здружението Билка поддржува продажба по локали, кафулиња, кофи шопови и социјални клубови.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот