Директорот на Веро Македонија очекува и натаму цените да растат, но со помала динамика
Објавено во: Економија 12 Ноември, 2022 17:16
Петар Денковски, генералниот директор на Веро Македонија, очекува цените на производите во малопродажбата да продолжат да растат, но со намалена динамика во наредниот период.
„Нашите очекувања не се премногу оптимистички. Веруваме дека цените ќе продолжат да се зголемуваат и понатака, но не со ова темпо како што беше до сега и ќе се стави под контрола, но нема да се елиминира растот на цените“, вели Денковски за Блумберг Адриа.
Статистичките податоци покажувале благ пад на трговијата на мало, најмногу поради падот на продажбата на прехранбените производи. Според него, падот на трговијата на мало е резултат на намалената куповна моќ на населението.
„Според нашите анализи има повеќе причини за тоа. Најголемата причина за падот на куповната моќ е зголемувањето на цените на производите поради што домаќинствата поинаку го планираат семејниот буџет. Исто така, влијание имаат и платите во реалниот сектор, кои не се зголемуваат и не ја следат стапката на инфлација. Секако, не треба да го изоставиме и психолошкиот момент во услови на криза кога потрошувачите се загрижемни за иднината и тие сé помалку и помалку трошат, или штедат за некои потешки времиња“, вели Петар Денковски.
Според Денковски, потрошувачите претежно се ориентираат на основните намирници, или производи кои што се на акција, каде што можат за помалку пари да добијат повеќе производи. Тој не смета дека владината мерка за ограничување на маржите ги донесе посакуваните резултати.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




