19 Декември, 2025
0.0658

Дисперзирани студии: Високи трошоци, а слаби ефекти! 

Објавено во: Економија 15 Март, 2016 09:07

Добивај вести на Viber

По десет години од воведувањето на дисперзираните студии на државните универзитетите,интересот на студентите се намалува, а трошоците за проектот доминираат над бенефитите. Ова го покажува анализата  „Високо образование по секоја цена? Трошоци - користи анализа на дисперзираните студии на државните универзитети во Република Македонија”, во рамки на проектот FISCAST, Градење капацитет и алатки за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија, спроведен од „Finance Think”. Истражувањето покажува дека трите анализирани државни универзитети Универзитетот „Свети Кирил и Методиј во Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев во Штип, Унивезитетот Свети „Климент Охридски во Битола, за изминатите 10 години наместо финансика добивка прокнижиле загуба. Според достапните податоци од 2006 до оваа 2016 година на дисперзираните студии на трите државни униврзитети се запишани 14.606 студенти. При тоа се забележува дека бројот на студентите постпено се намалува. Анализата покажува дека најголем број студенти или 61,54 отсто се запишале на  дисперзираните студии Унивезритето Гоце Делчев во Штип, а најмалку има на скопскиот државен УКИМ или само  8,74%. Интересот на студентите за дисперзираните студии бил најголем во учебната 2011/2012 година,кога вкупно на сите три државни универзитети се запишале 2.239 студенти, а најмал е интересот вопоследнава 2015/2016 учебна година. Untitled -Намалениот интерес за овој вид на студии е највидлив на најголемиот и најстар универзитет во земјата каде во последните 10 учебни години се запишале вкупно 1.277 студенти. Најголем интерес за упис на овој вид на студии на УКИМ постоел во учебната 2006/07 година кога се запишале 441студент, а последните четири учебни години вкупниот број на запишани студенти се изразува исклучиво во двоцифрен број. Покрај тоа, евидентно е дека за голем број на студиски програми на дисперзирани студии воопшто не постоел интерес кај потенцијалните кандидати. Податоците покажуваат дека честопати се случувало за определен вид на студии да не се пријави ниту еден кандидат или само неколку. Најголем број на студенти на овој вид на студии на УГД се запишале во учебната 2014/15 година или 1372 студенти по што може да се забележи намалување на интересот, се посочува во  анализата „Високо образование по секоја цена? Трошоци - користи анализа на дисперзираните студии на државните универзитети во Република Македонија”. Дали дисперзираните студии го дадоа очекуваниот ефект? Еден од клучните адути на Владата за воведување на дисперзираните студии беше поттикнување на локалната економија, намалување на трошоците на студентите, намалување на невработеноста кај младите,можности за вработување во помалите градови и крајно спречување на “одливот на мозоци”.  Во анализата се наведува дека преку дисперзираните студии, согласно со наведените стратегии требаше да дојде до намалување на нерамномерната дистрибуција на инвестициите и вработеноста внатре во регионите. Но уште кога Владата го воведе моделот на дисперзирани студии, мислењата во јавноста за одржливоста и ефектите на проектот беа спротиставени. - Ставовите се движат од тоа дека оваа политика дава ефекти, придонесува за подобрување на опфатот на студентите во високото образование, намалувањето на трошоците на студирање и зголемување на можностите за вработување, па се до дека политика е стихијна, не ги оправдува трошоците, не произлегува од фактичките потреби на пазарот и е нетраспрарентна. Очекувањето беше дека преку дисперзираните студии ќе се влијае на пазарот на трудот, преку зголемување на застапеноста на лицата со високо образование и на тој начин ќе се превенира процесот на внатрешна миграција, преку ангажирање на дипломираните студенти на локалниот пазар на труд.  Покрај тоа,  овој процес започна со намера да го спречи одливот на студенти во соседните земји, како и да ги намали трошоците за студирање. Во периодот на зародиш на овие студии, треба да се потенцира дека значителен број на студенти од Македонија, започнаа да пројавуваат интерес за студирање во соседните земји, се посочува во истражувањето. На дисперзираните студии во анализираниот период на  сите три универзитети се запишале 14.600 студенти. -Овој број на студенти покажува дека не е за занемарување и доколку концептот на дисперзирани студии би бил адекватно моделиран истиот може да има влијание на локалниот пазар на трудот, за што и впрочем е намената на ваквиот начин на студирање, вели универзитетскиот професор Мишо Докмановиќ. Високи трошоци, а бенефит нема Во анализата се наведува дека отворањето на 46 дисперзирани студиски програми во 15 градови требаше да овозможи намалување на трошоците за студирање и зголемување на опфатот и на женскиот пол во високо образовните институции. Ако се направи споредба на нето трошоците и нето користа односно бенефетите, се доаѓа до заклучок дека трите државни универзитети кои што имаат дисперзирани студии за анализираниот период за овој проект оствариле вкупна загуба во износ од 57,2 милиони евра. Табела 6: Сумарни резултати од ТКА на државните универзитети во РМ (во денари). Untitled1 Врз основа добиените податоци, истражувачите во анализата сметаат дека ваквиот резултат е јасен сигнал дека општествената вредност на овој облик на образование е скап и создава поголеми трошоци од користи. -Согласно, резултатите добиени преку користење на овој инвестициски критериум, препорачуваме дека инвестицискиот проект не треба да биде прифатен, односно во случајов да се размисли за сериозна реорганизација и трошоци – користи ефикасност на дисперзираните студии, или евентуално напуштање на овој концепт. Спроведената анализа утврди дека постојат поголем број предизвици во врска со организацијата и развојот на дисперзираните студии на државните универзитети во иднина. Дисперзираните студии во сегашната форма не се одржливи првенствено поради високите  трошоци, се наведува во анализата. Истражувачите порачуваат да се презмеат соодветни мерки за да се исполнат ефектите од воведувањето на дисперзираните студии. -Има потреба од структурна реорганизација на дисперзираните студии, преку рационализација на трошоците и елиминирање на ситуациите кога различни факултети дисперзираат исти студиски програми во еден ист град и меѓусебно си конкурираат и  зголемување на капацитетите на факултетите кои организираат дисперзирани студии во поглед на научно-истражувачката дејност, вели универзитетскиот професор Докмaновиќ. Анализата упатува на тоа дека е потребно јасно да се дефинираат трошоците и бенефитите, за да се знаат насоките за развој на овој проект. За ефектите да бидат видливи, а проектот одржлив, истражувачкиот тим од проектот „Фискас” посочуваат дека треба да се презвемаат соодветни мерки. Тие препорачуваат затворање на дел од дисперзираните студии, да нема повторување на исти студиски програми од различни факултети а во ист град, јасно да се дефинираат трошоците, но и да се посвети внимание на бројот на жители на еден регин или град кога се носи одлуката за отворање на дисперзирани студии. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите