15 Декември, 2025
0.0810

Дизајнери пријавете се! Награда од 200.000 денари за најдобар дизајн за слатка од седум видови овошје!

Објавено во: Мои пари 18 Јули, 2014 12:21

Добивај вести на Viber

Сите млади дизајнери кои сакаат да работат на изработка на дизајн за слатката на „Јоми фуд“ од Велес, можат да се пријават на отворениот конкурс, што започнува од денеска, а ќе трае сѐ до 1. септември 2014 година. Право на учество на конкурсот имаат сите лица до 28 години кои се државјани на Република Македонија. Конкурсот за пријавување е објавен на интернет страниците www.bravosine.mk и на www.sdw.mk. Сите апликации испратени на интернет адресата Ivo.laurencic@bravosine.mk  до 1. септември 2014 година ќе се сметаат за примени од моментот кога ќе им биде доделена шифра од страна на администраторот. Избраното креативно решение ќе биде наградено со парична награда од 200.000 денари, а средствата ги обезбедува Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Заинтересираните дизајнери ќе работат на изработка на амбалажата за слатката од асортиманот на „Јоми фуд“, како и на ексклузивно пакување од три видови слатка и промотивен постер за сите видови на слатко, кои ќе се  продаваат на домашниот пазар. Компанијата произведува седум видови на слатко и тоа слатко од јагода, вишна, портокал, аронија, зелена смоква, малина и дива капина. „Уверени сме дека оваа можност ќе предизвика голем интерес кај дизајнерите и задачата да креираат нов изглед на овие производи ќе биде предизвик за нив. Ние веруваме дека во Македонија има квалитетни дизајнери, но исто така сметаме дека има и многу национални производи со одличен квалитет кој со нов дизајн и бренд идентитет можат да бидат конкурентни на странските. Нашата мисија е да ги споиме квалитетните дизајнери со квалитетните домашни производи, а бенефитот од овој спој ќе биде нова успешна деловна приказна“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Пристигнатите решенија ќе ги разгледува жири комисија составена од претставници на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ  Скопје – “Браво Сине!“ и Skopje Design Week (SDW) под шифрираниот редослед. Во финалната фаза на избор ќе биде вклучен и претставник на производителот. „Целта на Skopje Design Week  е да го наметне дизајнот што повеќе во секојдневното живеење, но истовремено и кај компаниите, со што освен што ќе добијат подобар изглед на своите производи и подобри пазарни резултати, создаваат услови за развој на дизајнот, бидејќи тој ќе добива поголема примена“, изјави Марта Наумовска Грнарова, претставник на Skopje Design Week. Конкурсот за млади дизајнери следи по изборот на компанија производител на слатка, по традиционална рецептура, без користење на додатоци и со употреба на суровина од домашно потекло. На овој конкурс беше избрана компанијата „Јоми фуд“ од Велес. Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и Skopje Design Week, за прв пат оваа година започнуваат проект за поддршка на младите креативци преку брендирање на автентични национални производи. Годинава во фокусот се производители на македонско слатко како автентичен национален производ.  Целата иницијатива на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“  ја поддржа и дигиталната агенција Синапс груп.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија