Дневен хороскоп 03 10 2017 Вторник
Објавено во: Општо 02 Октомври, 2017 18:03
Јарец
Денес ќе добиете шанса која треба да ја искористите. Преговорите што ќе ги водите ќе ви овозможат некои нови почетоци. Но, не избрзувајте со заклучоците и не кажувајте што мислите пред да дознаете другата страна што сака да понуди. Бидете внимателни со трошоците. Приливите не се онакви какви што сте планирале и поради тоа стегнете го малку каишот. Освен работата ве измачуваат и нерешените партнерски односи. Имате чувство дека нешто сте пропуштиле и сега тоа ви се одмаздува.
Водолија
Денес ќе бидете разочарани од однесувањето на колегите. Сметате дека не сте го заслужиле таквиот однос кон вас. Премногу сте одговорни и не си дозволувате да се повлечете и да ги оставите сами да ја сработат работата. Единствено што ви преостанува е да молчите и да работите. Партнерските односи ви се добри и не се враќајте во минатото ако сакате да останат такви. Доколку сте слободни, можна е интересна средба во друштво со старите пријатели.
Риби
Доколку имате сопствен бизнис, денес може да имате шанса да добиете нова работа која во идниот период ќе ви донесе добри приходи. Ако сте вработени во фирма, време е за мирување и за преиспитување на сработеното. Бидете внимателни со колегите и не им забележувајте за секоја ситница. Доколку сте вљубени, денес ве очекува пријатно изненадување од партнерот. Обидете се да не бидете сомничави и да не се прашувате која е причината за изненадувањето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





