05 Декември, 2025
0.0572

Дневен хороскоп 06 10 2017 Петок

Објавено во: Општо 05 Октомври, 2017 18:31

Добивај вести на Viber


ВАГА
Се обидувате со својот авторитет да им помогнете на колегите и на најдобар начин да им укажете на грешките. Не се обидувајте да инсистирате, затоа што вие го сторивте вашето, а нивно е дали ќе го прифатат. Брзината со која се менуваат работите во домот не ви одговара. Вие би сакале да остане се по старо, но семејството сака да направи некои промени. Не ви преостанува ништо друго освен да прифатите. 

СКОРПИЈА
Се уште размислувате дали да излезете во јавност со вашите намери или да си дадете време додека не се создадат услови за тоа. Во себе водите разговори со шефовите и точно знаете што би им кажале, но стравувате од последиците. Како да сте западнале во некаков лавиринт и не гледате излез од него. Ако сте во брак или сериозна врска, партнерот не престанува да ве шокира. Тој се однесува невообичаено и не знаете што да правите. Дали да молчите или да покажете дека сето тоа ви пречи.

СТРЕЛЕЦ
Ако имате намера да започнете нешто ново, не се премислувајте. Премногу анализирате и не можете да ја согледате целата слика. Можеби ќе треба да побарате помош од некој што не е инволвиран во вашата работа. Тој полесно ќе согледа каде грешите. Со партнерот размислувате на ист начин, но работите ги интерпретирате различно. Тоа може да ви донесе повремени несогласувања.


Претходна страна  Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: