05 Декември, 2025
0.0304

Дневен хороскоп 08 03 2018 Четврток

Објавено во: Општо 07 Март, 2018 17:08

Добивај вести на Viber

ОВЕН
Денес ќе бидете особено комуникативни и посветени на повеќе теми кои ве интересираат со цел да си го подобрите начинот на живот. Доколку се занимавате со семеен бизнис, денес е вистински ден да започнете некој нов проект или да започнете со нов бизнис. Ако планирате да одите на пат, бидете внимателни и не го убедувајте сопатникот во вашите ставови. Можно е да си направите проблем поради невнимание. Еден таен обожавател се подготвува да ви ги открие своите чувства. Сослушајте го, немате што да изгубите.

БИК
Денес очекувајте да добиете пари од некоја хонорарна работа. Можни се и дневници од службен пат. Се наоѓате во период во кој единствена цел ви е да ги подобрите финансиите. Толкав голем труд и насоченост нема да поминат без резултати. Парите ќе ви пристигнуваат од повеќе извори, но со променлив интензитет. Денес е можно и да ви биде вратен еден стар долг. Ако сте слободни, денес е можно во ваша близина да се појави интересна личност родена во воден знак.

БЛИЗНАЦИ
Меркур, владетелот на вашиот знак денес тргнува наназад. Тоа ќе ви донесе закочување во врска со некои активности што сте ги преземале во изминатиот период. На работното место сте многу активни и имате големи планови. Но, можно е да почнете да се преиспитувате и да почнете да се прашувате дали вреди вложениот труд. Доколку сте слободни, денес во мислите ќе почнете да се враќате на минатото и на старите врски. Се наоѓате во ситуација кога не знаете дали сакате да одите напред или да се вратите назад.


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: