Дневен хороскоп 10 10 2016 Вторник
Објавено во: Општо 10 Октомври, 2016
Овен
И покрај тоа што мрзеливоста не е својствена за вас, денес таа ќе ве надвладее. Филмскиот маратон, излежувањето и доволниот сон, целосно ќе ја обноват вашата енергија. Ќе сфатите дека од спиење спомени нема, па вечерва ќе се разбудите преку активно дружење. Воздржете се од преголемо зближување со непознати личности.
Бик
Кај вас денес ќе бидат нагласени идеите за сопствен бизнис. Ќе постои голема желба и амбиција, проследени со долги разговори во кои вие ќе бидете доминантни. Ако идејата навистина ви се допаѓа почекајте уште некој ден и убаво размислете како да постапите. Можна е понуда од некоја Вага. Може да очекувате повик од некој Лав или Девица.
Близнаци
Можно е да да случат некои непријатни разговори на работа или за работата. Би требало да бидете многу реални за некои важни прашања во животот. Ќе добиете повик од некој Лав или Вага со предлог за нешто убаво. Денот е поволен за да го поминете со партнерот.
Рак
Се трудите да му оставите добар впечаток на некој кој ви е навистина драг и некој на кој можете да влијаете. Се обидувате да се прилагодите на нешто во околината што на вас воопшто не ви одговара. Ќе се сретнете со некој кој ќе ви помогне во полето на кариерата. Не го заборавајте оптимизмот дома, понесете го со себе.
Лав
Се чувствувате недоволно подготвени за некои отстапки кои околината ве принудува да ги направите. Се трудите од лицата од вашата околина да извлечете некои информации кои ќе ви користат за да напредувате. Не би требало да се оптеретувате со обврските кои комплетно ве исцрпуваат.
Девица
Имате можност нелегално да напредувате на работа, но вие не го сакате тоа. Поволен ден, особено за оние кои сакаат да навлезат во приватниот бизнис. Со малку добра воља, би можеле да дојдете во ситуација да разговарате за вашето унапредување или за некоја работа која би можела да ви помогне да излезете од секојдневиедо. Добро се чувствувате во друштво на некој Рак.
Вага
Се трудите да го пронајдете најлесниот начин за да решите некој правен проблем кој би можел во голема мера да ве оптовари ако не му обрнете внимание. Верувате дека можете да се договорите со некоја Водолија околу нешто што е од двоен интерес. Можна е соработка со странци. Имате подршка од некое лице кое често го среќавате на големите собири.
Шкорпија
Се чувствувате подготвени за нови работи и веројатно ќе посакате да се впуштите во нешто што многумина го сметаат за ризично. Верувате во можноста да се договорите со некој заеднички да инвестирате. Денес не навлегувајте во чувствителни разговори и теми поврзани со минатото.
Стрелец
Насмевнете се. Денес на луѓето околу вас ќе им биде потребна вашата позитивна енергија. Неочекувано ќе станете важен фактор во животот на ваша блиска личност. Некои луѓе не ја заслужуваат вашата лојалност, па стојте подалеку од нив. Но, не грижете се, вашата интуиција и овој пат нема да ве изневери.
Јарец
Ќе бидете среќни и задоволни. Некој ви помага да се искажете на вистински начин, не отфрлајте го тоа. Го идеализирате партнерот и тоа сосема е погрешно. Занимавајте се со уметност, бидејќи имате нагласена фантазија и креативност.
Водолија
Настојувајте да ја подобрите моменталната ситуација. Покажувајте оптимизам и самоувереност и покрај тоа што вашите стравови постојано ви поминуваат во мислите. Обидете се секогаш да бидете отворени за комуникација, тоа може да доведе до трајни позитивни промени.
Риби
Се двоумите за постапките и плановите и речиси секојдневно за тоа размислувате. Себични сте и тоа лошо влијае на вашите блиски. Прифатете ја разликата со околината. Денес ќе се уверите колку е важно да бидете искрени со луѓето кои сакате засекогаш да останат во вашиот живот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.