Дневен хороскоп 14 08 2017 Понеделник
Објавено во: Општо 13 Август, 2017 16:58
ОВЕН
Ситуацијата на работното место е многу добра и стабилна. Денес ќе стигнат некои информации од далеку кои ги очекувавте во изминатата недела. Ако сте невработени, денес ве очекува разговор за работа. Не вложувајте многу надеж туку продолжете да конкурирате. Во периодов ќе имате многу разговори, а резултатите ќе дојдат следниот месец. Ако сте студент, денес ќе бидете многу успешни. Ако сте во брак, добро е малку да се оддалечите од партнерот за да размислите што сакате. Не влегувајте во расправии зашто нема да има никаков резултат.
БИК
Ако имате сопствен бизнис, денес ќе добиете многу добра понуда која ќе донесе поголем приход во наредниот период. За да ги договорите сите детали, веројатно ќе морате да отпатувате на пократок пат. Доколку учите или студирате, денес ќе го надминете стравот од еден предмет и ќе доживеете неочекуван успех. Ако сте во врска или брак, денес бидете внимателни. Можно е партнерот да се обиде да ве изманипулира, што ќе ви донесе големо разочарување. Највеќе од се мразите лаги и тешко простувате такво нешто.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе добиете понуда за соработка која секако треба да ја прифатите. Ако сте вработени во некоја фирма, можно е да добиете можност за напредување. Ова е ваше време и треба да го искористите на најдобар можен начин. Доколку сте невработени во периодот кој следи, можно е да добиете повеќе поволни понуди за вработување. Денес очекувајте ја првата понуда која веројатно ќе биде најдобра од сите останати. Ако сте во врска или брак, ситуацијата е мирна и можете да уживате во разбирањето со партнерот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





