Дневен хороскоп 14 08 2017 Понеделник
Објавено во: Општо 13 Август, 2017 16:58
ВАГА
Се наоѓате во многу добар период и можете да очекувате подобрување на ситуацијата на сите полиња. Будно следете ги сите шанси што ви се нудат и не ги пропуштајте. Ако имате сопствен бизнис, денес е можно потпишување на нов договор кој ќе ви донесе големи можности во идниот период. Во текот на денот ве очекува финансиска добивка. Денес и во наредните неколку дена ве очекуваат повеќе исплати кои ќе ви овозможат да остварите некои планови. Ако сте осамени, можно е многу чудно познанство со личност родена во воден знак.
СКОРПИЈА
Време е да се зафатите со решавање на проблемите. Ако до сега избегнувавте да правите радикални зафати, денес ќе морате да се соочите со натрупаните проблеми. Проблемите кои ве притискаат можат да предизвикаат конфликти со колегите. За вас е најдобро да се воздржите и да не реагирате затоа што реакцијата само ќе ви ја одземе енергијата, а резултатот ќе изостане. Денес ќе имате мала добивка, која не е доволна да ги покрие трошоците кои ги имате. Ако сте слободни, време е да почнете да размислувате во нов правец. Личноста која подолго ве интересира почнува да ја снемува од вашиот живот.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе имате успешен ден. Ќе добиете можност да решите некои проблеми во врска со работата кои долго не сте можеле да ги решите. Доколку имате сопствен бизнис, денес ќе имате неколку разговори кои ќе бидат многу поволни за вас и за идните планови. Денес е можен и поголем прилив на средства кои ќе ги употребите за патување. Ако сте студент, бидете самоуверени и успехот нема да изостане. Доколку сте сами, денес ќе имате можност да запознаете личност која доаѓа од далеку. Ви претстои убаво дружење и можност за сериозна врска.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





