Дневен хороскоп 17 10 2017 Вторник
Објавено во: Општо 16 Октомври, 2017 19:38
ВАГА
Во моментов не можете да ги одвоите приоритетите од работите кои можат да чекаат. Се наоѓате во хаос кој ви создава конфузија. Не дозволувајте колегите да го забележат тоа, зашто може да добиете негативни поени кај претпоставените. Денес е можен финансиски прилив, кој малку ќе ве релаксира. Партнерските односи ви се добри и не дозволувајте вашата сомничавост да ги загрози. Доколку сте сами и безнадежно вљубени во една личност која не знае дека постоите, време е да смислите нова стратегија.
СКОРПИЈА
Имате одлична идеја за почнување сопствен бизнис, но финансиите ви претставуваат голем проблем. Во моментов сте конфузни и не знаете каде да се обратите за да можете да си ги остварите плановите. Не откажувајте се, помошта може да дојде од место од кое најмалку ја очекувате. Партнерот е љубезен, но по малку арогантен, и тоа ви создава немир. Време е за разговор. Доколку се повлечете и чекате да помине само од себе, ништо нема да постигнете. Ако сте сами, време е да излезете и да почнете да се дружите.
СТРЕЛЕЦ
Работете полека и одвреме-навреме враќајте се на некои стари и заборавени предмети. Можеби тоа ќе ви одземе време, но секако, ќе ви помогне да се справите со сличните проблеми на кои наидувате во моментов. Бидете внимателни и не кажувајте ги плановите. Непријателите ја чекаат секоја ваша грешка и подготвени се да ја искористат. Партнерските односи осцилираат секојдневно. Партнерот има свој начин на размислување, кој не се согласува со вашиот. Не обидувајте се да го убедите, работете како што сметате дека треба.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





