23 Ноември, 2024
0.0719

Дневен хороскоп 20 10 2016 Четврток

Објавено во: Општо 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Овен 

Денес ќе бидете многу ангажирани и би требало да внимавате на деталите, затоа што се можни грешки и пропусти (посебно со електрониката и женските соработници). Некоја помлада личност во положба на авторитет има нешто да каже.



Бик

Повеќе време ќе одвоите за оние што ве сакаат и имаат поголема потреба за блискост. Вашиот оптимизам ќе биде заслужен за љубовни успеси. Затоа немојте вечерта да ја минете сами, туку во поголемо друштво. Нема да ви недостига мотив за дејствување. Односот со партнерот ќе биде добар, а ќе се забавувате во друштво на пријателите или роднините.



Близнаци

Со партнерот отворено ќе разговарате за проблемите, но внимавајте да не го навредите со иронична забелешка. Ќе ви биде потребно повеќе мир, но заборавате на попладневен одмор – некој ќе ви дојде ненајавено. Ќе подлегнете на промените на расположение, па самите ќе се прашувате што се случува со вас.



Рак

Исполнети сте со позитивна енергија и желба за докажување. Немојте да дозволите да испуштите добра деловна можност, се наоѓате во ситуација да остварите двоен успех. Обрнете внимание на ненадејните средби, некој ќе ве инспирира на активна улога и на емотивна радост. Чувствувате нов занес кој ќе ве поттикне на послободно истражување.



Лав

Ослободете се од сите обврски и не мислете на работата. Ако се најдете во весело друштво, приспособете се на темите за кои ќе зборувате, дури и ако не се по ваш вкус. Внимавајте на трошоците и избегнете поголеми вложувања. Можни се непланирани издатоци поради кои ќе мора да се задолжите кај роднините или пријателите.



Девица

Ќе бидете организатор на забави и омилени во друштвото. Ќе се најдете со старите пријатели, или ќе минете пријатна вечер, далеку од грижите на секојдневјето. Ќе ви годи занимавање со деца, млади, рекреативни или спортски активности. Ќе бидете привлечни и околината ќе ја освојувате со шармантен настап. Ќе оставите впечаток на некој кој ќе сака подобро да ве запознае.



Вага


Нерасположението ќе го пренесете на партнерот. Ако ги анализирате изминатите настани, ќе дојдете до сознанија што ќе ви ги отворат очите. Ќе сфатите дека некои ваши постапки ја разнишале љубовната хармонија, но не е доцна се' да поправите. Добро размислете пред да побарате пари од некого, а исто така и ако имате намера некому да зајмите.



Скорпија

Ќе ги интензивирате пријателските дружења и ќе бидете поканети на забава. Ќе бидете добро расположени, па со радост ќе се впуштате во незадолжителни кокетирања и флертови. Ќе ве радуваат разни контакти преку кои ќе дознаете детали од животот на познаниците. Ако имате неостварени љубовни планови, направате се' за другата страна да забележи.



Стрелец

Поголем дел од денот ќе бидете уморни и незадоволни, па ќе потонете под притисокот на обврски и одговорности. Ќе упаднете во стапицата на непотребни расправи со партнерот. Ќе остане многу нешто недоречено, па ќе ве лути сознанието дека многу нешто сте изговориле, а партнерот се прави дека не ве слуша. Подобро е да се откажете од натамошно објаснување.



Јарец

Денот е погоден за патувања, особено во странство, како и за активно учество на социјални настани. Добро ќе се чувствуваат и оние кои ќе посакаат да го збогатат својот културен и уметнички живот. Не занемарувајте ја важноста на дружењето и квалитетно минатото слободно време. Телесните активности и хобија ќе ги оттргнат немирот и напнатоста. 



Водолија

Недостигот од концентрација и безволност ќе бидат минливи. Разочарани сте од некои нечесни луѓе, но затоа немојте да бидете премногу остри и недоверливи кон оние кои не се такви. Денот минете го во омилените активности - научете да се олабавите. Ако не сте расположени за дружење, посветете се на учење, истражување, пребарување по интернет или читање.



Риби

Поради напнатоста ќе ве мачи лошо варење, па би било добро да избегнувате кавги и стресни ситуации. Нема да ја поднесувате здодевноста и тапкањето во место. Престојот меѓу четири ѕида ќе ја засили потиштеноста. Подобро ќе се чувствувате ако го минете денот активно и на воздух. Добро ќе се забавувате во поголемо друштво. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.