05 Декември, 2025
0.0272

Дневен хороскоп 20 11 2017 Понеделник

Објавено во: Општо 19 Ноември, 2017 17:18

Добивај вести на Viber

Овен 

Верувате во она што го слушате бидејќи во моментов тоа најмногу ви одговара. Немате време да се фокусирате на оние активности на кои би требало да се фокусираат вашите соработници. Мора да бидете малку построги кон нив и мора да воспоставите ред во својот живот бидејќи единствено така ќе ги исполните сите работи кои сте ги замислиле. Верувате дека еден Рак е добронамерен кон вас дури и кога не се однесува така. Можна е понуда за некоја друга работа.

Бик 

Можеби ќе пронајдете свој начин во остварувањата на некакви планови и идеи и нема да ги послушате советите или филозофиите на другите околу вас во врска со некои пари, позајмици, некакви активности со банки или документација, а во врска со пари. Всушност, имате свој стил и во еден следен период ќе инсистирате на своето мислење и своите постапки и нема да погрешите. Приклонувањето кон некакви стандарди, медиокритетски правила всушност води кон неуспех, особено ако се во прашање проценки или начини на заработка.

Близнаци 

Многу сте амбициозни и тоа не го криете, напротив, подготвени сте многу и напорно да работите за да успеете во нешто што на многумина не им успева. Ви се отвораат нови можности кога станува збор за работа со странци или било кој вид усовршување во странство. Во состојба сте да ги импресионирате оние со кои работите.


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: