05 Декември, 2025
0.0381

Дневен хороскоп 20 11 2017 Понеделник

Објавено во: Општо 19 Ноември, 2017 17:18

Добивај вести на Viber


Вага

Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред. Имено, ако се од спиритуална, духовна природа, успешноста е речиси загарантирана, но ако се од материјална, успешноста рапидно опаѓа во зависноста од тоа колкава е вашата заглавеност во материјалноста.

Шкорпија 

Се се случува ненадејно, непланирано. Познанствата, сојузите, размените на искуствата. Уште кога би можеле да не се нервирате. Тензијата станува составен дел од комуникацијата со околината. Затоа се можни препреки придружни со расправии. Пожелно е да се контролирате. Вашата комуникација со околината е важна за понатамошните бизнис партнерства.

Стрелец 

На проблемите им приоѓате од дистанца. Не сакате во нив да се внесувате претерано, бидејќи не наидувате на интерес за такво нешто. Бидејќи имате деловен успех, добро се чувствувате и сакате да уживате на својствен начин. Кога сте во криза, никому не му досадувате. Внимавајте во разговорите со вашите партнери, може да откриете нешто што ќе ве изненади, за жал негативно.


Претходна страна  Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: