05 Декември, 2025
0.0287

Дневен хороскоп 22 09 2017 Петок

Објавено во: Општо 21 Септември, 2017 18:35

Добивај вести на Viber

ОВЕН
Денес ќе добиете нови обврски кои бараат дополнителен ангажман. Вашето професионално однесување и рамнотежата што се обидувате да ја воспоставите со колегите, ќе наидат на одобрување кај претпоставените. Партнерските односи ви се комплицирани. Средбата со една личност повеќе ќе личи на игра отколку на покажување емоции. Од една страна сакате да си ја задржите слободата, од друга свесни сте дека емоциите ве совладуваат. Многу сте напнати.

БИК
Се наоѓате пред нов предизвик. Вашата идеја делува добро, но не им се допаѓа на колегите и предизвикува негативни коментари. Денес ќе бидете особено осетливи и ранливи и ќе придавате големо значење на се што се случува околу вас. Престанете да ја трошите енергијата на непотребни расправии и концентрирајте се на она што ви е битно. Партнерот молчи и се однесува таинствено, но тоа не значи дека не ги одобрува вашите постапки. Слободните бикови полека но сигурно почнуваат да се вљубуваат.

БЛИЗНАЦИ
Имате некои дилеми во врска со работата и ќе треба добро да размислите што треба да преземете. Вие сте секогаш подготвени да го смените мислењето и да направите компромис, но најдобро е уште еднаш да ги разгледате последиците од погрешната одлука. Кон партнерот се однесувате со многу разбирање, но помалку сте дистанцирани. Обидете се да објасните што чувствувате и што ве измачува за да не дојде до несогласување.


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: