Дневен хороскоп за петок: Среќен ден за неколку знаци
Објавено во: Општо 08 Ноември, 2018
Вага
Денес добро ќе ви дојдат рекреативни активности и искористете го слободното време за себеси. Ќе имате шанса да поправите некоја грешка која сте ја направиле и размислувате во правилна насока. Потребен ви е мир за да се сконцентрирате на работните обврски и на деталите кои не треба да ги пропуштите. Во љубовта ве обесхрабрува контрастот помеѓу соништата и реалноста. Бидете пооптимистични за да ги видите работите јасно. Чувствата се моментални.
Шкорпија
Бидете опуштени и дозволете дарбата и интуицијата да ве водат, нема да се разочарате. Посамоуверени сте и смирени, а тоа ќе ви донесе голема корист кога е во прашање социјалниот живот. Разговор со блиските ќе ви биде значаен на финансиско поле и за проектите кои ви се важни. Ќе бидете заштитнички настроени во љубовта, но не дозволувајте тоа да ве загрижи, сè е во ваши раце.
Стрелец
Среќата денес ќе ве следи на секој ваш чекор и сега е време за некои финансиски промени и одлуки. Ќе ги средите односите со некој ваш близок на кого сте му згрешиле и ве очекуваат добри вести. Можни се професионални промени на интернационален или културен план, размислете добро за понудите. Случајни познаници ќе ве натераат да се запрашате за одредени аспекти во љубовта, но не дозволувајте да ве „занесат“. Работите ќе се разјаснат по одреден период.
Јарец
Денес ќе бидете построги со останатите и можно е да следат мини тестови на луѓето околу вас. Имате потреба да искористите најмногу што можете од животот, па не се двоумете. Имате многу обврски и малку време, но ќе бидете доволно ефективни и ќе ги движите сите работи со голема брзина. Ќе имате поотворен и толерантен став во љубовта за разлика од досега, но не ги прифаќајте сите компромиси кои ќе бидат понудени. Иднината е во ваши раце.
Водолија
Ќе мора да направите компромис помеѓу вашите соништа и реалноста. Отстранете ги сите лоши навики и посветете се повеќе на себеси и на здравјето. Не се споредувајте со колегите во работата – ако тие ги завршуваат побрзо обврските, не значи дека се поефективни. Ќе успеете да ги заштитите вашите финансиски интереси. Во љубовта оставете работите да течат природно и не форсирајте ништо. Партнерот сам ќе ви ги покаже чувствата и нема да се разочарате.
Риби
Денес ве очекуваат прекрасни моменти со вашите блиски и ќе бидете исполнети со среќа. Финансиските проблеми разговарајте ги со вашите блиски и обидете се да ги поправите грешките. Ќе ви биде полесно да се фокусирате на најважните работни задачи и ќе ги завршите до последен детаљ. Ќе бидете посентиментални од вообичаено и внимавајте да не носите брзи одлуки и ветувања во љубовта. Ако сте сингл, не се впуштајте во врски кои се краткотрајни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.