05 Декември, 2025
0.0939

Дневна анализа на Форекс GBP/USD

Објавено во: Анализа 28 Мај, 2013 07:36

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви подготвивме анализа за валутниот пар GBP/USD. Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти за овој валутен пар. Фундаментална Анализа за GBP/USD: Британската фунта падна во однос на доларот во прилично мирнo во вчерашното тргување, затоа што американските и британските пазари беа затворени за одбележување на националните празници. Веќе неколку недели, се чини дека економијата во Велика Британија излегува од рецесија. Подобрувањето е постепено со потврдениот раст на БДП во првиот квартал. Во неговиот последен говор, гувернерот во заминување на Банката на Англија Мервин Кинг исто така изјави дека економијата почна да се поправува. Дури и Меѓународниот монетарен фонд кој пред само еден месец ја нападна Велика Британија, за премногу строга фискална политика го омекна својот став. За време на азиското тргување фунта падна 0,05% во однос на доларот. Техничка Анализа за GBP/USD: На едночасовниот графикон, на MACD е во фазана прекумерна продажба, а додека RSI не покажува тренд. Цена ја проби средината Bollinger линија, така што е можен раст на цената. Нашата препорака би била продажна позиција. Наше видување: Продажна позиција со влез на 1,29220, со прва цел на 1,29020 и втора цел на 1,28820. Алтернативно сценарио: Доколку цената се издигне над 1.29320, тогаш е мозен понатамошен раст до 1.29620. Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок. Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени