Дневно во Македонија ќе се вакцинираат околу 4.000 луѓе
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021
Околу 4.000 луѓе во просек дневно ќе се вакцинираат низ пунктовите во Maкедонија.
Процесот на масовна вакцинација ќе започне во понеделник во А1 Арената Борис Трајковски, подготовките се во завршна фаза.
„Апелирам граѓаните активно да се вклучат во процесот на вакцинација затоа што тоа е единствен начин да го победиме вирусот и да се вратиме на нашите нормални навики“, рече Филипче.