ДО 31 ЈАНУАРИ: Цените на основните прехранбени производи, вода, негазирани и газирани пијалоци и пиво остануваат замрзнати
Објавено во: Економија 26 Декември, 2023 19:35
Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.
Според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, кое што беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари.
„Станува збор за белиот ориз, пченично брашно - тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка. Денешната владина одлука е во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници. Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало“, соопштија од Владата.
Со оваа владина одлука, до 31 јануари, наместо до 31 декември, остануваат замрзнати и претходно утврдените цени на минералната негазирана и газирана вода, одредени видови негазирани и газирани пијалоци и пиво – исто така, во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници.
foto freepik.com/nomadsoul1
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




