20 Декември, 2025
0.0363

До Берзата досега доставени неколку барања за задолжителна котација

Објавено во: Економија 19 Април, 2013 09:49

Добивај вести на Viber

Македонска берза има добиено неколку барања за задолжителната котација. Крајниот рок за компаниите е 30 април, а во Берзата очекуваат најголемиот дел да пристигнат во последните денови.

Директорот на Берзата Иван Штериев во интервју за МИА вели дека Одборот на директори на Берзата во рок од 60 дена од поднесувањето на барањето треба да донесе одлука за котација со што компанијата формално ќе котира на Берза, за потоа да започне со континуирано објавување на пропишаните ценовно чувствителни информации.

Според Штериев, оваа мерка од аспект на македонскиот секундарен пазар на хартии од вредност, од аспект на работењето на Берзата и нејзините членки, брокерски куќи и може дефинитивно да се оцени како позитивна, како нешто што во информативна смисла во јавноста ќе отвори уште стотина нови компании, кои на редовна основа ќе известуваат што се случува кај нив. Од тој аспект, тоа е нов квалитет, тоа ќе ја зголеми транспарентноста на целиот македонски пазар на хартии од вредност.

За компаниите како правни лица, како бизнис, главна придобивка од задолжителната котација би требало да биде нивната поголема транспарентност во иднина и дополнително ќе влијае на подобрување на позицијата на компанијата и при аплицирање за нови банкарски кредити.

- Покрај определени дилеми во јавноста дали ова е оптимална мерка во оваа фаза на равој на македонскиот пазар на хартии од вредност и потенцирањето дека е идеално компаниите самостојно да одлучат да дојдат на берза, а не некој да ги принудува, според наше мислење, при давањето на оценката за бенефитите од задолжителната котација треба да се пристапи балансирано и, без дилеми, да се потенцира дека оваа мерка е дефинитивно позитивна во поглед на зголемување на транспарентноста, централизирање на информациите за компаниите и потенцијалните индиректни ефекти што од неа може да произлезат  – алтернативно небанкарско финансирање, поефикасно корпоративно управување, подобар увид за случувањата во компаниите, формулирани и предвидливи дивидендни политики и слично, истакнува Штериев.

Трошоците за котација кон Берзата, според него, не се нешто што претставува посебен товар за финансискиот капацитет на компаниите кои се опфатени со законската мерка за задолжителна котација.

Во интервјуто дава оценка и за работењето на Берзата и за очекувањата за годинава.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба