26 Јуни, 2024
0.0298

До илјада евра хонорар за уставни измени

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од Работната група од Министерството за правда уште пред две и пол недели е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието, но остана неодговорено прашањето за колкав хонорар работеле експертите.

Работната група претходно ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување, а платформата „Отворени финансии“ покажува дека на 9 јуни Бајрам Положани од Министерството за правда добил 60.000 денари, додека на експертите како Јагода Митревска, Елена Михајлова Стратилати, Ана Чупеска, Сали Мурати, Бранко Наумоски им биле исплатени по 40.000 денари.

Министерството за правда на 19 април ги објави имињата на експертите кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени. Експертската работна група ја сочинуваа Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

Од Министерството за правда ни рекоа дека за сумата на хонорарите треба да се поднесе барање за информација од јавен карактер и дека ангажманот на експертите завршил со поднесувањето на предлог-иницијативата до Владата. Евентуално некои од нив би можело повторно да бидат ангажирани кога процедурата би се префрлила во Собранието.

Работната група го подготви предлог за уставните измени за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската унија.  Предлагач на уставните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да ја формира работната група. 

Во меѓувреме реагираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан мицкоски, дека Работната група за уставни измени нема мандат да преговара  за промена на Уставот, а добиваат пари од буџетот. Според него, тие можат да добијат мандат за оваа работа само ако парламентот изгласа потреба за промена на Уставот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството