28 Септември, 2024
0.0276

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Реализацијата на Прочистителната станица во Скопје и по 10 години не е подготвена за реализација, утврдија државните ревизори. Тие укажуваат дека поради неисполнување на условите и застој во градбата има опасност алоцираните средства од над 7 милиони евра да се вратат.

Но, да одиме со ред. Државниот завод за статистика во последниот ревизорски извештај на темата „Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку Буџетот на Република Северна Македонија, ЕУ фондови и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа“, утврди дека има недостиг на систем за управување со јавните инвестиции, но и бавна реализација.

Ревизијата утврдила дека јавното претријатие Водовод и канализација нема искуство во спроведување на вакви проекти.

- Во март 2023 година, со големо задоцнување, после две години од евалуацијата извршен е избор на изведувач и надзор и потпишани се: договор за проектирање и изградба на износ од 185,7 милиони евра и договор за администрација на договорот и надзор над изградбата 3,1 милиони евра - пишуваат ревизорите.

Додаваат дека поради склучените договори со изведувачите, а нецелосно исполнети услови од договорите за заем, не е можно повлекување на средства од заемите и плаќање на обврските по склучените договори.

- Условот за експропријацијата на земјиштето е исполнет и експропријацијата е завршена, а доделувањето на правото на користење на ова земјиште на ЈП Водовод и канализација не е исполнет поради незавршените постапки за донесување на ДУП во Општините Аеродром и Гази Баба.

Ваквата состојба предизвикала застој во постапката за реализација на проектот. Поради недонесување на ДУП не е можно да се почне постапка за барање на доделување на право на користење на земјиштето на крајниот корисник (ЈП Водовод и канализација-Скопје), не може да продолжи разработување на други урбанистички документи, одобренија за подготвителни работи и одобренија за градење. Сите овие процеси кои се прекинати влијаат на исполнување на условите за повлекување на средства од ЕИБ и ЕБОР - нагласуваат ревизорите.

Поради ова, појаснуваат од ДЗР, на изведувачот не може да му се дозволи пристап на градилиште. Исто така, поради неможноста да се исплатат средства од заемот не можат да се исплатат ниту обврските по склучените договори и тоа: за аванс кон изведувачот во износ од 16,7 милиони евра кој доспеал во јули, и обврските од договорот за надзор со вредност од 476.865 евра.

- Во септември 2023 година со цел продолжување на проектот и исплата на средства од ресорното министерство доставена е Информација до Владата за статусот со проектот. По што донесен е Заклучок од Владата со кој е побарано времено изземање на условот од банките за ефективност на заемот за доделено право на користење на земјиштето, до моментот кога ќе се завршат постапките за донесување на ДУП-овите. Ревизијата утврди дека на крајот на годината извршена е исплата од Програма 25 – Третман на отпадни води во износ од 603.500 илјади денари од сметката на заеми. Утврдивме слабости во ефикасното донесување на одлуки за управување со проектот, како и некоординираното дејствување на Град Скопје и општините во Град Скопје во услови на целосно финансирање на проектот од Буџетот на Република Северна Македонија, со задолжување и инвестициски грант што укажува на отсуство на посветеност и сопственост на локалната власт за најголемиот стратешки проект од областа на животна средина  - велат ревизорите.

Дополнуваат дека ова предизвикува неефикасно управување со овој стратешки проект поради неисполнување на барањата во ЕУ Директивите за води, поголема договорена вредност од проценетата во физибилити студијата и фискални ризици ако не се почитуваат обврските по договорот за дизајн и градба. Како резултат на наведените состојби ревизијата утврди дека и после 10 години проектот не е подготвен за физичка реализација.

-  Со Билатералниот договор склучен помеѓу Европска Комисија и Владата во 2017 година, за кофинансирање на проектот Подобрување на инфраструктурата за отпадни води во Град Скопје како специјален услов во член 6 е потпишувањето на договор за изградба на Пречистителната станица за отпадни води на Град Скопје заклучно со 2020 година. Поради неисполнување на овој услов односно потпишување на договор во 2023 година, постои фискален ризик за враќање на алоцираните средства во износ од 7,1 милиони евра за проектот - Подобрување на инфраструктурата за отпадни води во Градот Скопје – се нагласува во извештајот на ДЗР.

П.О.

Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“