20 Декември, 2025
0.0423

До каде ќе падне фунтата при излез на Британија од ЕУ?

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2016 21:52

Добивај вести на Viber

Потенцијално излегување на Британија од ЕУ може да има катастрофални последици за британската валута.

Истражување меѓу 34 економисти, направено од „Bloomberg“, покажува дека според 29 од нив британската валута може да се намали до ниво од 1,35 или пониско ниво по потенцијално позитивно гласање за излегување на земјата од ЕУ на референдумот на 23 јуни.

Тоа би ја однело фунтата до нивоа невидени од 1985 година наваму, сметаат уште аналитичарите.

Според дваесет и тројца од специјалистите, кои ги дале нивните предвидувања, британската фунта нема да се врати над наведеното ниво три месеци по референдумот.

Седум од аналитичарите се уште повеќе песимисти, и прогнозираат поевтинување на фунтата до 1,20 непосредно по референдумот при потенцијално излегување од ЕУ.

Само еден од аналитичарите ја гледа фунтата на ниво над 1,40 по референдумот, што е над седумгодишен минимум, постигнат од монетарниот пар денес.

Британската валута се намали до нивоа малку под 1.3900 во однос на доларот во раните попладневни часови, што е најниска вредност од 2009 година наваму.

Сериозни загуби регистрираше фунтата во однос на јенот, швајцарскиот франк и американскиот долар.

Поевтинувањето на британската валута се зголеми по објавувањето на датумот за одржување референдум за напуштање на ЕУ во саботата.

„Гласањето за излегување на земјата од ЕУ ќе влијае многу сериозно на фунтата“, според Ник Коунис, макроикономист во „ABN Amro Bank NV“.

Според него фунтата ќе се спушти до 1,20 во однос на доларот недела по потенцијално гласање за излез на земјата од Унијата.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба