20 Декември, 2025
0.0434

До кога ќе издржи оштетениот мост во Зрновци?

Објавено во: Економија 01 Март, 2016 08:44

Добивај вести на Viber

Стариот мост на Зрновска река е главната артерија што ја поврзува општината Зрновци со градот Кочани. Изграден пред повеќе од половина век, мостот претставува животна и деловна врска на селото со градот, каде што жителите на Зрновци патуваат на работа, да завршат административни обврски, во банка, во болница, на училиште или пак да излезат навечер. За време на поплавите во февруари 2015 година мостот беше сериозно оштетен поради што е ставена забрана за преминување. Од тогаш Зрновци, вгнездено под падините на планината Плачковица, на раскрсницата каде што реката Зрновка се влева во Брегалница, го загуби спокојството, а животот стана потежок. „Глетката беше страшна!“, се потсетува Душан Георгиев, постар жител на Зрновци. „Во минатото реката понекогаш надоаѓаше до рабовите на мостот, но ништо не може да се спореди со минатата година кога мостот беше тешко оштетен. Сите ние зависиме од него и страшно е да го гледаме ваков знаејќи дека во секој момент може да се урне“. Постои алтернативен пат, заобиколен, подолг за 20-тина километри. Преку мостот, до Кочани патот е долг осум километри, а заобиколниот пат, преку Виница, е долг 30 километри. Тоа за жителите на Зрновци значи секој ден да се вози автомобил, или велосипед кога е убаво времето, да се плати такси за плус 20 километри, кои во итните случаи за во болница можат да изгледаат како бесконечни. „Околу 200 ученици од Зрновци учат во основните или средните училишта во Кочани. Има и околу 200 вработени во фабрики, фирми во Кочани кои патуваат секој ден, 35 наставници кои од Кочани доаѓаат и држат настава во Зрновци. Ако на нив се додадат и оние кои секојдневно патуваат поради разни други потреби и оние кои вршат достава на продукти во продавниците и неколкуте ресторани, вкупниот број на лица кои имаат потреба да поминат преку мостот дневно изнесува околу 600, што не е мала бројка за една општина како Зрновци. Ризикот е голем, а ние немаме средства да го обновиме мостот или да направиме нов“, вели градоначалникот на општина Зрновци, Блажо Станков. Штети од ваквата состојба Од економска перспектива, мостот, вон употреба значи поголеми трошоци за транспорт. Математиката е едноставна, четири пати подолг пат, четири пати зголемени трошоци за бензин. И ова не е единствената економска последица од поплавите. Поради заобиколниот пат доцни и доставата на производи и услуги. [caption id="attachment_202858" align="aligncenter" width="618"]DJI_0006 Голем број возила сеуште поминуваат преку мостот, вклучително и трактори и тешки товарни возила кои ја игнорираат забраната и знаците за опасност од уривање[/caption] „Трпиме сериозна штета поради мостот“, објаснува Венцо Гаврилов, возач на такси од Зрновци. „Дваесет километри повеќе не се малку кога зборуваме за такси превоз. Тоа е една од причините зошто луѓето ја игнорираат забраната и го преминуваат мостот на свој ризик. Некои пак одат на побезбедна варијанта. Децата, учениците се превезуваат до мостот, па натаму одат пешки, или пак со други возила се преземаат. Но тоа не е решение. Мора да се направи мост во најскоро време“. Една година по поплавите сосема е разбирливо зошто жителите на Зрновци го губат трпението, но ризикот што го преземаат е неприфатливо висок. Голем број возила сеуште поминуваат преку мостот, вклучително и трактори и тешки товарни возила кои ја игнорираат забраната и знаците за опасност од уривање. Веројатно и тие си го поставуваат истото - до кога мостот ќе издржи? Помошта доаѓа Добрата вест за жителите на Зрновци е дека помошта доаѓа. Европската унија преку програмата за санирање на штетите од поплавите одобри средства во висина од повеќе милиони евра за да и помогне на земјата да га обнови транспортната инфраструктура во регионите кои беа најмногу погодени од поплавите минатата година, вклучувајчи го и Зрновци. Мостот ќе биде изграден за една година според принципите „да се изгради подобро“ според модерни градежни стандарди кои ќе го направат поцврст и поотпорен на поплави. Мостот во Зрновци е еден од осумте инфраструктурни проекти финасиран од програмата на Европската унија за санирање на штетите од поплавите. Сите проекти се имплементираат од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Јавното Претпријатие за државни патишта и локалната самоуправа во погодените општини.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба