25 Ноември, 2024
0.0270

До кога селективноста ќе го „јаде“ македонското општество?

Објавено во: Македонија 19 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Иако политичарите тврдат дека пред Уставот и законите сите граѓани се еднакви, сепак во пракса има примери кои покажуваат дека тоа не е така.

За некого државата е мајка, а за некого маќеа. Селективност има при вработување, плаќање на даноци, изрекување на казни, но и во многу други сфери на општественото живеење. Граѓаните се огорчени затоа што земјава тапка во место, и ги оправдуваат младите кои се иселуваат за подобра иднина.

„Сѐ е лага, сѐ е измама. Нема никаква еднаквост, сѐ е со привилегии, вработувањата посебно. Многу луѓе без образование се вработуваат, па дури потоа земаат дипломи. Чесни луѓе многу ретко ќе сретнете. Немам доверба во никој и вака не верувам дека ќе нѐ примат во ЕУ, тоа нема да се случи“, рече Даница Илиевска, граѓанка.

Закони има, но не се почитуваат и нема ред, додаваат граѓаните.

„Не можеме да одиме ние во Европа. Јас сум бил секаде, и во Европа, и во Азија и Африка. Тоа се други системи, таму има ред. Сум бил во Либија, дури и таму повеќе се почитува закон отколку во Македонија“, рече Стојан С. граѓанин.

Од партиите често велат дека вратите им се отворени за квалитетни кадри со прогресивни идеи, но таквите секој ден си заминуваат во странство затоа што не добиле шанса. Во изминативе години имаше повеќе истражувања во кои дури 70 или 80 отсто од младите се изјасниле дека Македонија не нуди перспектива и дека сакаат да се иселат.

„На младите им пречи социо – економската ситуација, немање можност за вработувањата, напредок во кариерата, немање мерит систем, односно има селективност, неправда. Незадоволни се генерално од сликата на државата и сметаат дека нема да можат да се реализираат“, вели Блажен Малески од „Реактор“.

Во Македонија има и поединци со завршено високо образование кои повеќе од десет пати конкурирале на различни конкурси за вработување во јавниот сектор, и откако биле одбиени, почнале да размислуваат рационално и да бараат друго решение за да си обезбедат егзистенција. Дури и оние кои сега студираат, сметаат дека во вакво општество со искривени критериуми нивниот труд и знаење нема да се цени, ниту ќе се исплати. Социологот Милева Ѓуровска вели дека младите се тие кои сакаат да донесат промени, за ваквите појави кои се неприфатливи за сите граѓани.

„Тоа е проблем за младите, и младите генерации не се тие кои ќе прифатат, туку сакаат да направат промени, но се чувствуваат немоќни, не им се дава шанса и затоа бараат поoрганизирани општества. Навистина младите во 70-80-те години на минатиот век направија позитивни промени, во поглед на технологија, либерализам и многу други работи. Сакаат да ги видат работите од поинаква перспектива“, вели Ѓуровска.

Додава дека во земјава често пати има двојни аршини и тоа не им нуди сигурност на младите за да можат овде да ја планираат иднината.

Сања Атанасовска

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа