До крајот на месецов во Скопје пријавување на данок на имот
Објавено во: Економија 17 Јануари, 2013 10:00
До 31 овој месец сите правни и физички лица кои имаат непријавен недвижен имот или извршиле промена на сопственост на имотот промената можат да ја пријават, согласно со член 29 од Законот за даноци на имот.
Пријавувањето на недвижниот имот или промената на сопственост на имотот се врши во Град Скопје – Скопје, барака број 16, Сектор за финансиски прашања.
Кон пријавата потребно е да се достават следниве документи: копија од имотен лист или купопродажен договор, или наследно решение, договор за подарок (правниот основ со кој се врши стекнувањето или промената на имотот) и лична карта на увид.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




