13 Декември, 2025
0.0283

ДОБИ 20 ДЕНА ЗАТВОР: Босанец поради мрсен бурек се заканил во Будва дека ќе направи масакр полош од тој во Цетиње

Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2025 16:32

Добивај вести на Viber

Босанец се заканувал со масакр во Будва поради мрсен бурек. 

М. К. (46) е осуден на затворска казна од 20 дена затоа што утринава се заканувал дека ќе убие жена и работник во пекарница во Будва.

Како што дознава „Вјести“, судијката на Судот за помали прекршоци во Будва, Магдалена Мијиќ, му изрече затворска казна, која веднаш ќе биде извршена.

Државјанинот на БиХ, утринава, околу 3.30 часот, бил во пекарницата и побарал да биде послужен по што незадоволен од услугата почнал да ѝ се заканува и да ја навредува вработената и ја опцул неколкупати.

„Јави се кај газдата, ќе викнам полиција, ќе ве запалам, сето ова ќе изгори, сакаш ли да ми ги отруеш децата затоа што бурекот е многу мрсен, дали сакаш да ме отруеш“, се заканил.

Еден час подоцна, околу 4.20 часот, државјанинот на БиХ се заканил и кон вработен.

 „Сакаш да ме отруеш, ќе ве запалам сите, ќе ве убијам, тоа убиство во Цетиње ќе биде мала работа“, рекол тој мислејќи на масакрот извршен од Ацо Мартиновиќ на 1 јануари.

Во масакрот во Цетиње, загинаа 12 луѓе. Меѓу нив имаше и деца. 

Можеби ќе ве интересира

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС