ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024
ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски по две анонимни пријави.
Обвинителството отвори предистражна постапка за назначувањето на Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, по наводите во јавноста дека сертификатот за положен испит за познавање англиски јазик е стекнат лажно. Од Основното јавно обвинителство – Скопје информираат дека до нив се доставени две анонимни кривични пријави, па ги споиле во една и ја распоредиле кај јавен обвинител, на постапување.
Предистрагата се однесува на сертификатот за англиски јазик ТОЕФЛ, кој Христовски го добил од бугарската школа „Јулија“, со седиште во градот Пловдив. Обвинителството и претходно има постапувано по слични предмети, за кои веќе има и изречени пресуди поради признавање вина.
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, вчера побара од претседателот на собраниската Комисија за следење на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање да закаже седница на која ќе го викне директорот на АНБ, Христовски, да одговори каде бил на денот на полагањето ТОЕФЛ-тест за англиски јазик во Пловдив.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.