ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКА ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ И НЕ ПРЕЗЕМАЛЕ МЕРКИ: Кривични пријави за социјални работници од Македонски Брод
Објавено во: Македонија 15 Април, 2025 18:01
Кривична пријава е поднесена за социјалните работници од Македонски Брод кои не пријавиле силување. Против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кичево за кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“.
Пријавите се за Р.С. (38), директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод и К.В. (44), социјален работник во истата институција.
Тие и покрај тоа што биле известени по телефон, молчеле и не презеле ништо за силување на дете, кое било во згрижувачко семејство. На 7 март годинава тие добиле телефонска пријава за полов напад и силување врз дете сместено во згрижувачко семејство. И покрај тоа, двајцата не презеле никакви службени дејствија ниту, како што е законска обврска, го пријавиле делото.
„Свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале при вршење на службената должност“, информира полицијата.
Против 64-годишниот Б.С. од Македонски Брод е поднесена кривична пријава под сомнение дека извршил силување врз малолетно девојче. Судија на претходна постапка му изрече 30-дневен притвор, а осомничениот е спроведен во Затвор Битола.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




