19 Декември, 2025
0.0412

ДОБРА ВЕСТ: Драматично поевтинување на горивата!

Објавено во: Економија, Мои пари 15 Декември, 2014 13:09

Добивај вести на Viber

Нова корекцеја во цените на горивата и тоа во полза на џебот на граѓаните. Од ноќеска на полноќ граѓаните ќе можат да точат горива поевтини за дури 4,5 денари во однос на претходната цена. Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика цената на горивата е коригирана и истата е намалена во просек за 7,57 отсто. Со новото поевтинување малопродажните цени на „еуросупер“ БС-95 и на „еуросупер“ БС-98 се намалуваат за 4,50 денари за литар во однос на цените утврдени пред две недели. „Еуросупер“ од 95 октани во малопродажба ќе се точи по цена од 65,50 денари за литар, а „еуросупер“ од 98 октани за 67 денари. „Еуродизелот“ ќе се продава по цена од 56 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ ќе чини 44,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,354 ден/кг, и ќе изнесува 27,512 денари за килогарам. Од регулаторна велат дека причина за ваквото драстично намалување е движењето на цената на суровата нафта во период од две недели и курсот на денерот во однос на доларот. „Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 66,903 долари за барел и е за 12,52 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта (76,474 долари за барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати“, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.  

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии