Добрево и Тораница под стечај: Рударите очајни, згаснаа два рудника!
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2015 11:45
Околу 1000 работници останаа без работа откако Основниот суд во Штип прогласи стечај во рудниците за олово и цинк Добрево и Тораница.
Рудниците се во сопстственост на индиската компанија „Индоминерали и метали“.
Работниците ќе добиваат месечен надомест најмногу 18 месеци во зависност од работниот стаж.Оние кои не примиле плата четири месеци, а индиската компанија речиси година дена не плаќала концесија.
Банкарските сметки на компанијата се блокирани за околу 1,9 милиони евра , а се проценува дека вкупниот долг на компанијата „Индоминерали и метали“ е околу осум милиони евра.
Министерството за економија го раскинало договорот за концесии со оваа индиска компанија.
Стечајната постапка над рудниците во кои се ескплоатира олово и цинк ја покрена скопската фирма „Автотехна“, а на нејзиното барање се придружиле тројца доверители.
Рудиците Тораница и Добрево биле затворени ди 2002, но во 2006 година ги покрена индиската компанија.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




