15 Декември, 2025
0.0456

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Македонската возачка ќе биде признаена и без полагање возачки испит

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2025 11:05

Добивај вести на Viber

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Северна Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија.

Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Според новите правила, возачите од Северна Македонија ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија. Тие нема да мора да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит, но сепак ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење (здравствено уверение).

Сандра Газинковски од партијата Слобода, која беше претставник на предлагачите на законот, објасни дека целта не е воведување привилегии, туку отстранување на неоправдани административни пречки.

- Тоа е административна пречка која ги забавува процедурите за вработување и им создава непотребни трошоци, чекање и дополнителни тестови на луѓето, изјави Газинковски, потенцирајќи дека мерката ќе го олесни животот на странските работници.

Сепак, опозицијата се спротивстави на овој закон, наведувајќи дека промената може да влијае на безбедноста во сообраќајот. 


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“