Додека Македонците најмногу трошат за храна, дел од Европјаните помалку од 9 отсто од приходите одвојуваат за истото
Објавено во: Економија 05 Јануари, 2021 07:16
Македонските граѓани најголем дел од парите ги трошат за храна, додека во развиените земји во Европа за оваа намена се одвојуваат 10 до 15 отсто од приходите. Македонците за храна и пијалоци одвојуваат 41,93 отсто од приходите, покажуваат податоците на синдикалната минимална кошничка.
Австријците 9.7 отсто од примањата трошат за храна и пијалоци, Ирците 8.6, а жителите на Луксембург 8.9 отсто. Италија, Словенија, Франција, Белгија, Шпанија, Шведска, Малта, Данска, Кипар, Финска, Холандија и Германија се земји каде домаќинставата трошат од 10 до 15 отсто од примањата за храна. Романија котира најлошо, и во оваа земја луѓето над 25 отсто од приходите ги трошат за храна и пијалоци, покажуваат податоците на Евростат.
„Ако ја земеме минималната плата од 2.071 евра бруто или околу 1.670 нето, за прехрана на една личност можеби е потребно околу 200 евра или за 4 члено семејство околу 700 евра. Цените се повисоки секако, ама како што е мала државата, луѓето ги користат промоциите и на другите држави. Да речеме Германија има поевтино месо, или овошје во Франција, алкохол, цигари гориво, во Луксембург“, вели прилепчанец кој живее и работи во Луксембург.
Весна Димитриевска, социолог кој долго време работи на тема општествена нееднаквост, објаснува дека според научни сознанија, онаму каде најголем дел од парите се трошат за храна и режиски трошоци, тоа укажува дека се работи за низок стандард и сиромаштија.
„Човекот е едно психо – социјално битие и ако вие го сведете на задоволување на основните потреби, преживување, каде е тука иднината?“, вели таа и додава дека реално потребите се поголеми.
Ванеса Алава од Мадрид, Шпанија вели дека да се потрошат 40 отсто од парите во домаќинството за храна е навистина многу. Објаснува дека кај нив луѓето трошат многу пари за скапи кирии во големите градови, но за храна не одвојуваат многу, иако внимаваат како се хранат.
„Кај нас не е скапо да се готви храна дома, но скапо е во ресторани. Луѓето трошат на спорт, внимаваат како се хранат, сакаат да вложуваат за себе и своето здравје. Цените на храната не се високи, затоа што има голема конкуренција“, додава таа.
Минималната синдикална кошница за ноември чинела 33.742,1 денар. Сојузот на синдикати на Македонија објави дека на едно семејство со 4 члена му биле неопходни 33.742,1 денар за задоволување на основните потреби. Од парите 14.149,01 денари или 41,93 отсто на семејството му се потребни за исхрана и пијалоци, 10.808,29 денари, а 32,03 отсто за домување.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета




