25 Ноември, 2024
0.0336

ДОДЕКА СОСЕДИТЕ ПРОВОЦИРААТ: Брисел ги повика Софија и Скопје да не ги нарушуваат интересите на ЕУ со своите кавги

Објавено во: Македонија 30 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Ги охрабрувам Скопје и Софија да ги удвојат своите напори да постигнат заемно прифатливо решение за отворените прашања. Ова го изјави пред Европскиот парламент еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеј, цитиран од дописникот на БТА во Брисел, пред четири дена.

Јас повикувам на воздржување од изјави и активности во кршење на пошироките европски интереси, додаде тој.

Европскиот комесар инсистира на тоа дека билатералните договори на  Македонија со Грција и Бугарија мора да бидат имплементирани од добра волја од сите.

Тој се надева дека пристапните разговори со Македонија ќе започнат до јули.

Добрососедските односи се клучен дел од патот кон ЕУ, нагласи Вархеј.

Од своја страна, европратеникот од ДПС, Илхан Кјучјук, кој е известувач на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, ги забележа достигнувањата на долгиот и тежок пат на реформите и отстапките на патот кон ЕУ. Тој посочи дека во извештајот на ЕП за земјата се повикуваат партиите од земјава да се воздржат од националистичка и провокативна реторика, како и да се залагаат за понатамошни реформи - подлабоки и побрзи.

Се надеваме дека Македонија и Бугарија ќе продолжат со конструктивниот дијалог со цел да постигнат одржлив напредок, рече Кјучјук. Според него, потребно е да се постигнат отстапки за план за мерки, кои ќе се оценуваат постојано во согласност со билатералниот договор и тоа ќе овозможи што побрзо започнување на пристапните преговори. Кога е нарушена довербата, таа мора да се врати и најдобриот начин е да се вратиме на темелите на договорот, рече тој.

Провокациите кон Македонија од бугарска страна не запираат

Последниот провокативен чин доведе до испраќање на протестна нота до Бугарија.

Имено, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски објави скандалозен спот кој изобилува со кадри од Скопје, Охрид и други локации во Македонија, при што вели дека Македонија е на Бугарите, при што Министерството за надворешни работи до бугарското МНР упати една протестна нота по провокаторското видео на европратеникот и заменик-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење.

Дали и каква ќе биде реакцијата на Европската унија по последните случувања останува да видиме.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа