ДОГОДИНА ТЕСТИРАЊА: Турција најави производство на својoт прв брз воз
Објавено во: Економија, Балкан 09 Септември, 2024 14:00
Турција најави производство на својoт прв брз воз.
Тестирањата ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. Тој додаде дека по завршувањето на статичките тестови на фабриката „возот ќе биде ставен на шините“, јави Анадолија.
„Нашиот брз воз, кој ќе го произведува TURASAS (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници“, рече Уралоглу.
Брзите возови ги има ширум Европа. Најразвиените европски земји имаат и најбрзи возови.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




