„Договорите на дело и на определено време се злоупотребуваат“: Левица предлага по автоматизам да им се обновуваат договорите на трудниците
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2025 09:52
Уште еден немил пример за институционално, ,,законско" и системско насилство врз жена, обелоденето во очи денот на Кампањата за 16-дневен активизам против родово базирано насилство - трудница го изгубила бебето во 27 г.н. поради доживеан стрес од непродолжен договор за работа.
Ова го посочија од опозициската Левица, од каде посочуваат дека неопхонид се законски измени кои ќе ги заштитат жените во бременоста.
- Жена - професионалец, која 14 години инвестирала во знаења, ангажирана во ЈЗУ Општа болница - Струга, добила ,,отказ" со непродолжен договор за работа, штом кажала дека е бремена.
Оди дома, сега имаш поважна работа. Бремена си, биле зборовите на директорот кон трудницата. Од силен стрес поради непродолжувањето на договорот за работа, таа го изгубила бебето во 27-та гестациска недела, односно во седмиот месец од бременоста.
Трудница останува без работа, а според наши извори, заменета е со нова вработена, ,,црпната" директно од Штабот на ДПМНЕ - пишува во соопштението на Левица.
Додаваат дека и покрај тоа што Комисијата за дискриминација утврдила најтежок вид на дискриминација, системот не ја штити жената која го изгуби своето бебе.
- Поради тоа, АФЖ - Левица укажува дека т.н. ,,договори на дело" и договорите на определено време кај младите жени, во пракса претставуваат несигурност и истите тие договори се злоупотребуваат, така што државата ги остава жените - работнички на ,,милост и немилост" на работодавачите.
Поради сите овие ужасни работни судбини на жени во бременост, на жени на боледување, жени пред пензија, со кои секојдневно се соочуваме, Левица ќе поднесе законски измени во дел од кои ќе се предложи следново: ,,доколку станува збор за трудница, по автоматизам се обновува договорот за вработување, сè додека има право да ги користи правата кои се стекнуваат со бременоста" (парафразираме).
Поради конкретниот случај, ги повикуваме Трудовиот инспекторат и Министерство за економија и труд да постапат ригоризно кон работодавачот, а во заштита на жената - работничка - нагласуваат на крајот од соопштението.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




